Кадетките од клубот „7 Мај Леов“ од Прилеп го освоија првото место во екипна конкуренција на државното првенство во борење кое викендов се одржа во Скопје.
Тие го повторија ланскиот успех и ја одбранија титулата.
Сега им остануваат уште два натпревари, младинци до 20 години и пионери У 15. Ако успеат да ги одбранат и нив ќе го повторат и ланскиот успех за освојување на купот.
На табелата за купот „7 Мај Леов“ од Прилеп e 1 место со 40 бода разлика, од Вардар кој е второпласиран, трет е Бучин од Радовиш ии четврт Балканец од Штип.
149