Министерот за здравство Венко Филипче попладнево ќе одржи средба со менаџерите на приватните болници во Македонија.
Се работи за претставници на Аџибадем Систина, Жан Митрев и Ремедика, а состанокот е закажан за во 17 часот во Министерството за здравство.
Според информациите, тема на состанокот ќе бидат високите цени за лекување на пациенти со ковид-19.
120