Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференција попладнево соопшти дека вкупно 215 лица добиле македонски патна исправа со туѓ идентитет, 214 биле странски државјани, а само еден бил наш.
Деветмина од групата се приведени во полициска акција по речиси 2 годишна истрага на МВР во соработка со Канцеларија за истраги на амбасадата на САД и Интерпол. Министерот за внатрешни, Оливер Спасовски вели дека истрагата почнала во февруари 2019 по добиени разузнавачки информации злоупотребите кои се правеле внатре во министерството.
„Приведени се 9 лица, а по 1 се трага. Од нив 9 се вработени во МВР, а 1 бил посредник”, рече тој.
Уапсените се овластени службени лица и контролори, односно лица кои биле задолжени за издавање и одобрување на патните исправи.
„Лицата на кои им се давани пасошите, се лица од висок ризик, т.е. сторители на криминал кои се барале со меѓународни потерници“, кажа Спасовски.