Денеска се вакцинираа припадниците на Армијата на РСМ во А1 Арената Борис Трајковски, објави министерот за здравство, Венко Филипче.
„Заинтересираноста е огромна и процесот тече според сите предвидени услови и протоколи. Овие лица спаѓаат во критичната група на граѓани кои се од есенцијална важност за функционирање на системот на државата. Ги повикувам сите останати граѓани кои досега не се пријавиле како заинтересирани за вакцинација преку своите матични лекари или на веб страницата vakcinacija.mk досега да го сторат тоа како би биле опфатени во системот на евиденција“, напиша Филипче.
154