Почина познатиот пулмолог Анѓелко Ѓорчев

На Клиниката во Ниш денеска почина специјалистот по пулмологија и алергологија, професорот Анѓелко Ѓорчев (72), кој е татко на поранешниот пратеник Влатко Ѓорчев.

Тој десетина дена беше во кома, откако во Ниш ја прими вакцината на Астра Зенека. Директорот пак на Клиничкиот центар каде беше хоспитализиран Ѓорчев истакна дека неговата состојба не била последица на примената вакцина.

Анѓелко Ѓорчев беше познат пулмолог и пензиониран професор на Медицинскиот факултет во Скопје. Како доцент и професор работи на полето на неговиот специјален интерес-пулмологија и алергологија, астма, ендокринологија на респираторниот систем.

Тој се уште прегледуваше и лечеше пациенти како дел од докторскиот тим на Неурометика. Во јавноста беше познат и како татко на поранешниот пратеник и секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.

Беше член на Американското торакално здружение, Европско респираторно здружение, Британско торакално здружение и на Француско респираторно здружение.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи