Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, утрово гостувајќи во „Утрински брифинг“ рече дека сумата за издавање на лажните пасоши на криминалците се движела и до 20 илјади евра.
„Осомничените издавале лажни пасоши исклучиво за пари. Сумата се движела и до 20 илјади евра. Знаете дека во изминатите месеци беа уапсени лица за издавање на фалсификат возачки дозволи, за сума од 1500 до 2000 евра“, рече Спасовски.
Министерот додаде дека во институцијата е затворен кругот.
„Внатре во институцијата кругот е затворен, одиме на проширување на истрагата да ги видиме другите аспекти. Идејата беше заедно со обвинителот да се организира акцијата заедничко, но по овој обид за саботажа од опозицијата, го пресековме каналот, и за среќа е завршено успешно“, вели Спасовски.