Филипче: Се спроведува теренската вакцинација во старските домови низ Македонија

 

 

Процесот на имунизација на приоритетните групи за вакцинацијата ги вклучува и домовите за стари лица кадешто вакцинацијата се спроведува на терен за сместените корисници и за здравствените работници во сите болници за геријатриска и палијативна медицина низ државата.

„Веќе неколку дена трае теренската вакцинација во болниците за геријатриска и палијативна медицина и домовите за згрижување стари лица во Скопје и Битола. Во двата дома Сју Рајдер веќе е завршена вакцинацијата, потоа 10 луѓе од 60 во Битола, 22 од 60 во Скопје и во центарот за сместување на стари лица Мајка Тереза 22 од 50 вкупно сместени корисници“, изјави Филипче.

Во моментов е во тек вакцинацијата во Геронтолошкиот завод во Скопје „13 Ноември“, а системот на другите вакцинални пунктови низ државата продолжува.

„Сега во тек е вакцинацијата тука во болницата за геријатриска медицина. Огромен процент и од здравствените работници веќе се вакцинирани, близу 90 и тоа беше дел од стратегијата заради тоа што овие здравствени работници навистина треба да се заштитени, прво да бидат заштитени самите тие а второ да ги штитат и постарите сместени луѓе. Ги чекаме списоците од останатите центри за згрижување на постари лица од другите градови Куманово, Прилеп и Берово, а согласно динамиката таму ќе продолжи вакцинацијата на таму сместените корисници“, кажа Филипче.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи