Јапонската стартап компанија Donut Robotics измисли паметна маска за време на пандемијата на коронавирус, која помага во комуникација и при физичко дистанцирање.
Паметната маска C-Face може во комбинација со апликација да препише диктат, да ја зголеми јачината на гласот на корисникот и да преведе говор на 8 различни јазици: кинески, корејски, виетнамски, индонезиски, англиски, шпански, француски, и обратно.
Маската има отвори на предната страна, па затоа не штити од COVID-19, и треба да се носи преку стандардна заштитна маска. Таа е направена од пластика и силикон и има вграден микрофон, кој преку блутут може да се поврзе со смартфон.