Од утре 8 лекари од приватното здравство се вклучуваат во поддршка на колегите од јавно-здравствените установи, извести министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил.
„Клучно е да го зголемиме капацитетот и човечките ресурси во битката со овој силен бран. Утрово на редовната дневна координација со директорите на клиниките работевме на реорганизација на системот и обезбедување на потребните капацитети. Притисокот е огромен и на дневна основа се планира и надополнува со цел сите пациенти да добијат соодветна заштита. Апелирам да се почитуваат рестриктивните мерки и сите препораки за заштита со цел да го заштитиме здравствениот систем“, стои во написот на министерот.