Баздникин: Русија ќе испорача вакцини, но не се знае точниот датум

Facebook
Twitter
Email
Print

Aмбасадорот на Русија во земјава, Сергеј Баздникин, не го знае датум кога ќе пристигнат останатите вакцини „Спутник В“ кој ги нарача Владата, но е убеден дека договорот за испорака ќе биде испочитуван.

„До денес испорачани се 6 000 дози, 3 000 од секоја компонента. Во моментов се работи за испораката на останатите количини на препаратот. Сакам да ви кажам дека руската страна доследно ќе ги исполнува своите обврски од договорот и да обезбеди испорака на вакцините, во вашата земја“, рече Баздникин.

Рускиот амбасадот нагласи дека вакцината „Спутник V” е апсолутно безбедна, нејзината ефикасност е над 90 отсто, додека е стопроцентна во спречување на компликации од коронавирусот.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи