Прилепчани повторно со граѓанска еко акција. Овој пат локацијата е Селце, оваа недела, 11 април во 12 часот.
Вклучете се и вие, за почист, поубав град!
„Да си го исчистиме градот.
Да ја покажиме нашата човечка природа. Да ја прошириме Еко Свеста и да си го исчистиме ПРИЛЕП.
После првата успешна акција на 28ми каде Марковите Кули блеснаја во првобитната убавина да ја подолжиме оваа интенција со следна локација.
- Локација Маркови Кули – Исчистено!
Следно:
2. Локација Селце 11.4.2021
Две места за собир:
1. Подвожнакот
2. МанастиротЕдна група да тргне од подвожнакот и една да пристигне уште веднаш кај манастирот.
Добредојдено е ако споделите на стори и на зид!
Еден поинаков краток излет.
Прилеп има моментално потреба од акција за чистење!
Еден пакет кеси за ѓубре 10кеси е од 60 до 100ден. Малце и дружба, малце еко акција.Настанов нека биди колективна инспирација да го видиме Прилеп чист. И ве молам не постирајте статуси од било каков демотивирачки карактер.
Протоколите за Ковид да се почитуваат“ – стои во написот за настанот на Фејсбук.