Денеска е Собор на Свети Архангел Гаврил, празник на големиот Господов гласник

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Денеска е Собор на Свети Архангел Гаврил. Тој е еден од големите седум ангели што претстојат пред престолот Божји.

Гаврил е архангел во аврамските религии кој се смета дека служи како гласник на Бога и еден од големите седум архангели кои претстојат пред престолот Божји. За првпат се појавува во Книгата на пророкот Даниел во рамките на хебрејската Библија. Некои го нарекуваат и отелотворение на Светиот Дух. христијаните и муслиманите веруваат дека му ги прорекол раѓањата на Јован Крстител и Исус на Захарија и Дева Марија, а во исламот пак, тој му го открил (дал) Куранот на пророкот Мухамед.

Во библиските преданија понекогаш го среќаваме и како ангел на смртта или Божји гласник. Талмудот вели дека тој е единствениот ангел кој знае да зборува сириски и арамејски. Во исламот, Гаврил е еден од главните Божји гласници, но другите горенаведени титули не му се припишуваат (бидејќи, на пример, ангел на смрта е Азраил).

Гаврил значи „сила Божја“, поради што и неговото јавување на Благовештението има и симболично значење, укажува на силата на тој што ќе се роди од Пресвета Дева Марија, дека тој ќе биде силен, семоќен, односно дека тој ќе биде Бог Спасител.

Архангел Гаврил, заедно со Архангел Михаил го имаат чинот на серафимите, а серафимите имаат највисок ангелски чин поради што стоеле најблиску до Бога. Кога му се јавил на Захарија му рекол: „Јас сум Гаврил кој стои пред Бога…“ (Лука 1/19) Значи Гаврил е еден од седумте најблиски до Господа серафими чии имиња се: Михаил, Гаврил, Рафаил, Урил, Селатил, Ехудил, Варахил. Некои кон овие го додаваат и Јеремил. Сите имаат иста чест или исто ниво на значење, но имаат различни служби.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи