Премиерот Зоран Заев денеска на прес конференција најави дека до крајот на април во земјава ќе стасаат 300.000 вакцини против ковид-19.
„Околу 20.000-25.000 наредната недела очекуваме да добиеме од Европската унија во рамките на пакетот од 650.000 вакцини за цел Западен Балкан. Месецов треба да стасаат и првите количини на „Фајзер“ од директниот договор што го имаме со оваа компанија, како и втора пратка од Ковакс механизмот на вакцини „АстраЗенека“. Исто така, овој месец очекуваме и 200.000 дози од кинеската „Синофарм“, како и поголем дел од руската ‘Спутник’ од директниот договор што го имаме со нив“, рече премиерот Заев.
133