На 7ми април 2021 година, Агенција за млади и спорт го усвои Правилникот за стандарди за квалитет на младинските центри, кој беше подготвен во соработка помеѓу агенцијата и Сојузот за младинска работа. Подзаконскиот акт го објаснува член 22 од Законот за младинско учество и младински политики, кој ги дефинира младинските центри.
Единиците на локалната самоуправа се должни да обезбедат услови за функционирање на најмалку еден младински центар на нивната територија.
Правилникот може да го погледнете овде.