Почина најмладиот пациент во ковид-центарот во Битола, 19-годишната пациентка од Битолско, која се водеше како суспектна на коронавирус, но не беше тестирана, пренесува порталот СДК.
„Девојчето почина неколку часа по приемот, беше донесена во екстремно тешка состојба, почина пред да биде земен брис и не е во ковид позитивните починати“, вели директорката на Битолската болница, Билјана Гагачовска.
Постмортем брисеви не се земаат веќе една година, па починатата не е во евиденцијата на лица кои умреле од ковид-19. Девојката беше со Даунов синдром.
Во ковид-центарот во Битола се хоспитализирани вкупно 134 пациенти, за едно деноноќие примени се 23 лица, испишани 11, а починати двајца на 63 и 69 години.