Првиот број на Супермен продаден за рекордни 3,25 милиони долари

Првиот број на стрипот „Супермен“, објавен во јуни 1938 година и кој чинел 10 центи, денес беше продаден за 3,25 милиони долари, што е највисоката сума досега платена за еден стрип.

„Продадениот стрип бил пронајден помеѓу купишта филмски списанија од триесетите години на минатиот век и бил одлично сочуван“, вели еден од сопствениците на аукцискиот сајт „Комик Конект“, Винсент Зурзоло, пренесува Би-Би-Си.

Стрипот ја содржи приказната за потеклото на Супермен и се смета за почеток на занрот за суперхерои. Беше отпечатен во стотици илјади примероци, а се верува дека околу 100 примероци од првиот број се зачувани до денес.

Највисоката цена за еден стрип досега беше постигната во 2014 година, кога, исто така, првиот број на „Супермен“ беше продаден на eBay за 3,2 милиони долари.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи