Времето денес ќе биде претпладне променливо облачно, во југозападните делови ќе има слаби врнежи од снег. Во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието.
Во Прилеп и регионот, температурата ќе се движи во интервал од 1 °C до 9 °C.
Актуелно УХМР предупредување:
Утринските температури до недела на повеќе места ќе бидат негативни и под просекот за овој период од годината.