Американската амбасада соработува со МВР и другите институции, но не коментира истраги кои се во тек, е ставот на Амбасадата на САД, на прашање на „360 степени“ за нивната позиција во случајот „Двојник“, за незаконското издавање пасоши со туѓ идентитет.
„Не коментираме истраги во тек, Амбасадата на САД има тесна соработка со МВР, како и другите владини министерства и институции во Северна Македонија, за да се постигнат заедничките цели на спроведување на законот и владеење на правото, вклучувајќи регионална соработка за спроведување на законот и борбата против тероризмот“ велат од Амбасадата на САД.