Во голема полициска акција заедно со Американската агенција за борба против наркотици – ДЕА запленета е дрога во вредност од над 800.000 евра, приведен е висок полициски службеник. Продолжуваме заедно со нашите стратешки партнери во неселективна борба против криминалот, напиша на Фејсбук министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Дрогата била запленета околу 14 часот на патот од Плетвар кон Кавадарци. На терен се голем број на полициски сили, а блокиран е и патниот правец каде што се фатени дилерите.
Повеќе детали за акцијата ќе бидат познати во текот на денот.