Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од -6°C до 1°C, а максималната од 8°C до 1°C.
Во Прилеп ќе биде сончево со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до -4°C, а максималната ќе достигне до 12°C.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), претстои период на стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските температури во следните два дена на повеќе места ќе бидат негативни и под просекот за овој период од годината.