Во ова издание на Инфо Регион разговараме со градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, на повеќе теми кои беа и се уште се актулени, како ковидот, големиот број смртни случаи во Прилеп, недостигот на лекари, мостот кај Сточен пазар, зошто беа потребни автобуси на метан од 1 милион евра, реконструкцијата на булеварот и дали тој можеше да биде проширен, новата градинка во Точила. Разговараме и за тоа зошто се уште не е исполнето ветувањето за покриен базен, зошто Прилеп не доби нов театар, но и за тоа зошто оваа година нема да има реконструкција на Старата чаршија. Зборуваме и за стадионот, за Победа.