Локвенец: Пругата до Бугарија ќе заврши за време на мое раководство

 

 

Хари Локвенец, директорот на ЈП Македонски железници – инфраструктура е убеден дека изградбата на трите фази од пругата до Бугарија ќе завршат, како што вели тој, во негово време.

„Пругата ќе заврши за време на моето раководство, прво поради ангажманот и посветеноста на екипата која ја водам, а понатаму ја имам и поддршката не само од Владата и владините институции, туку и од Европската комисија“, рече Локвенец.

Пругата до Бугарија од Куманово до границата е со должина од 89 километри, и е поделена во три делници. Првата е од Куманово до Бељаковце во должина од 31 километар и проценета вредност од 40 милиони евра, втората од Бељаковце до Крива Паланка со должина од 34 километри и вредност од 140 милиони евра, а третата од Крива Паланка до границата со Бугарија од 24 километри и проценета вредност од 405 милиони евра. Во тек е тендерската постапка за избор на фирма за првите две делници, по што се очекува да продолжат прекинатите работи на терен на првата делница каде се реализирани 54 проценти, како и да стартуваат активностите за втората.

„За втората фаза обезбедени се 68 милиони евра како неповратен грант и уште 60 милиони евра за фазата до границата. Станува збор за делница на која ќе има 100 моста и 40 тунели“, изјави Локвенец.

Информираше дека на 26 февруари успешно било аплицирањето преку Вестерн Балкан Инвестмент Фрејмворк за 182 милиони евра европски инвестициски грант и најави нови вработувања поради најавата за пензионирање на голем број работници.

„Реална е поотребата од вршители на дејност на самата пруга. Од структурата на вработени, 80 отсто се вршители на дејност, 10 администрација и 10 помошно-технички персонал. Следниот период ќе имаме обновување на кадарот, станува збор за искусни и квалитетни луѓе пред пензионирање“, рече Локвенец.

За последниот квартал од 2020 бројките вели дека биле немилосрдни за финансиското работење. Пред пресметката на амортизација, последното тромесечие покажува добивка од 37 милиони денари, но со пресметатана амортизација минусот е 87 милиони денари. 120 милиони денари квартално изнесува негативата од самата амортизација.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи