Обвинителството за организиран криминал врши претреси за софтверoт на Рашковски

 

По наредба на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција утрово бил извршен претрес во фирмата „Инвоука Гроуп“ која победи на тендерот за софтверот за сообраќајни прекршоци поврзан со поранешниот генерален секретар, Драги Рашковски.

Основното јавно обвинителството прибира докази во рамки на предистрагата отворена за случајот со софтверот за сообраќајни прекршоци во вредност од 81 000 евра што го набави поранешниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски. Набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци, Рашковски го купил од „Инвока Гроуп“, наводно за потребите на Министерството за внатрешни работи, иако оттаму тврдат дека ниту знаеле за набавката ниту, пак, планираат да го користат. „360 степени“ откри и дека токму Рашковски е сопственик на патент за сличен систем.Случајот го испитува и Антикорупциската комисија.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи