Министерот за здравство, Венко Филипче утрово на редовна координација со директорите на Клиниките, ковид центрите во Скопје. Заклучокот е дека се намалил бројот на хоспитализирани пациенти во болниците, но и дека мораме да останеме претпазливи бидејќи вирусот е непредвидлив и подмолен.
„Деновиве е намален бројот на хоспитализации во болниците, но подготвени се дополнителни капацитети во болниците како во Скопје така и низ државата. Справувањето со овој трет бран кој е многу силен е исклучително тешко, не само кај нас туку насекаде во Европа. Според епидемиолошките анализи, РО факторот е паднат под 1 и се надеваме дека ќе остане така. Остануваме претпазливи, вирусот е непредвидлив и подмолен“, стои во објавата на Филипче на Фејсбук.