Ристески: Оставки да си поднесат министерот Спасовски и градоначалникот на Прилеп Јованоски

Јавна тајна е дека командирот на полициската станица Прилеп, Кире Спиркоски кој е уапсен за трговија на дрога е еден од најблиските соработници на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски и е еден од најистурените кадри на СДСМ во Прилеп. Криминалот раѓа криминал, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Петар Ристески.

 

 

„Началникот на полицијата Спиркоски, а сега осомничен за трговија со дрога беше незаконски поставен на таа позиција затоа што имаше несоодветно образование. Спасовски тогаш го постави партискиот над државниот интерес. Токму командирот Спиркоски може да се забележи во друштво на министерот Оливер Спасовски, градоначалникот на Прилеп од СДСМ Илија Јованоски, пратеникот и претседател на општинската организација Миле Талески, како и поранешниот министер за транспорт и врски, а сега директор на царина Горан Сугарески. Значи министеров за внатрешни работи Оливер Спасовски и градоначалникот на Прилеп Јованоски се први соработници со командирот осомничен за трговија со дрога. Неговата сила доаѓаше од СДСМ. Токму оваа бандитска структура е таа која полни кутии во Прилеп, се заканува и сее страв низ прилепските улици. И оваа акција немаше да се случи доколку партнерите од американските служби за борба против трговија на дрога не соработуваа за професионално извршената акција. Спасовски треба да си поднесе оставка за тоа што негов командир на полиција и близок соработник тргувал со дрога. Очекуваме и оставка од градоначалникот Јованоски кој патем треба да се извини на прилепчани што криминалот стана име и презиме за СДСМ во Прилеп“, рече Ристески.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи