На социјалната мрежа Фејсбук деновиве извесна Радица Динев споделува апел за помош на самохрана мајка чиешто бебе се бори за живот во клиничката болница Систина. Со реакција се јавија од болницата „Аџибадем Систина“ од каде нагласуваат дека апелот за помош е лажен и апелираат да се внимава на информации од ваков тип и да не се наседнува на лажни повици за донации.
„Почитувани,
Клиничката болница „Аџибадем Систина” ве известува дека во болницата не е хоспитализирано бебе кое наводно се бори за живот, а чија е мајка е извесна Мимоза од Тетово. За случајот на социјалните мрежи се шири повик за донации.
Станува збор за лажна објава.
Повикуваме граѓаните да бидат внимателни и да не наседнуваат на вакви и слични повици. Објавата во која се повикува за помош ја споделува извесна Радица Динев“, стои во објавата на Фејсбук.
102