Дури и кога надвор времето е сончево, на секојдневната прогноза во дневните вести можеме да забележиме како врне дожд, а секојдневните вести не информираат за пандемијата, светските проблеми и катастрофи. Се чини дека секој ден носи некоја нова и тешка информација. Кога ќе слушнам таква вест, се трудам да се потсетам дека медиумите најчесто ги занемаруваат и попозитивните факти кои треба да се изнесат во јавноста.
За среќа, има и добри вести. Голема сила и енергија на креативност и нови идеи секојдневно извираат под површината на општеството, како едвај да чекаат да се издигнат. Оваа сила е силата на милијарди млади луѓе на светско ниво. Во свет кој што е управуван од возрасни, младите често не се прашани за мислења и идеи и за тоа како можат да се решат општествените предизвици.
Младите како движечка сила можат да направат значајни промени во општеството, а ние сме тие кои треба да направиме напор за да почне тој тренд и долго да трае. Младите сакаат да направат општествени промени. Гледајќи го светот со свежи очи, можат да ги видат проблемите како морални грешки кои можат да се решат. Желни се да се вклучат во општествените промени, па макар и кога знаат дека истите може да потраат. Нивната перспектива кон светот им дава можност да размислуваат за креативни решенија. Овие решенија можеби не се секогаш практични, но може да доведат до нови претпоставки и можности. Давајќи им можност на младите да придонесуваат со своите идеи кон решавање на проблемите, тие почнуваат да се гледаат себеси како лидери кои можат да дадат важен придонес во животот на другите. Потребни се нивните уникатни идеи за да се изгради подобар свет.
Младите се неорганичен извор на нова енергија и нивното ангажирање сега ќе инспирира генерации на долгорочна движечка сила за позитивни промени. Па зошто да не ги охрабриме да го направат тоа уште денес? Да ги охрабриме младите да започнат со подвизи за општествени промени и да им ја дадеме потребната поддршка за да успеат во нив. И што е уште поважно, да ги седнеме на маса заедно со донесувачите на одлуки каде вистински ќе се слушнат нивните гласови. Младите заслужуваат шанса, а нивниот придонес е можност која светот не смее да ја пропушти!
Автор: Лела Јурукова