Двајца дилери на хероин од Прилеп се упасени во полициска акција што попладнево била спроведена. Како што информира Министерството за внатрешни работи, дилерите биле уапсени на патарината кај Сопот.
„Денеска во попладневните часови, на автопатот Скопје-Велес, во близина на наплатната рампа кај Сопот, полициски службеници приведоа две лица, кај кои е пронајден хероин“, велат од МВР.
Од МВР велат дека повеќе детали ќе бидат соопштени утре.