Короната ги намали туристичките ангажмани во февруари за 42%

Facebook
Twitter
Email
Print


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во февруари 2021 година изнесува 27.569, а бројот на ноќевањата изнесува 60.013, што изнесува намалување од огромни 42%, додека кај ноќевањата од 36.8%.

Бројот на домашните туристи е намален за 10,4 проценти, а бројот на странските туристи за 60,2 проценти. Бројот на ноќевањата на домашните туристи е намален за 14,8 проценти, а бројот на ноќевањата на странските туристи за 52,1 отсто.

Во периодот јануари – февруари во однос на истиот период лани, бројот на туристите е намален за 45,7 проценти и тоа кај домашните туристи има намалување за 11,3 отсто, а кај странските за 65,4 отсто. Во овој период бројот на ноќевањата е намален за 38,9 проценти и тоа кај домашните туристи има намалување за 15,1 процент, а кај странските за 56,4 проценти.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи