Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите, по трет пат променети цени на горивата во една недела.
Според новата одлука на РКЕ, малопродажбата на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинува за 0,50 денар/литар, додека на дизелот останува непроменета.
Со тоа, малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 67,00 ден/лит, а цената на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 69,00 ден/литар. Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V), не се менува, односно останува 58,00 ден/литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,513 денари и сега изнесува 34,266 ден/кг.
125