Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 5 април до 11 април 2021 година, во општина Прилеп имало 328 нови случаи на Ковид-19, додека од последици на коронавирусот починале 19 лица.
Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 1.033. На болничко лекување се наоѓаат 125 лица, од кои 99 се на кислородна поддршка, во дневната болница се лекуваат 105 пациенти, а на домашно лекување се наоѓаат 98.
Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 7.632, а од почетокот на пандемијата, од коронавирус починалe 364 лицa.