Министерот за здравство, Венко Филипче на редовната утринска средба со директорите на клиниките заклучија дека состојбата е сериозна и треба максимално придржување до мерките.
„Состојбата низ болниците секојдневно се менаџира според потребите, исполнетоста и отворањето на нови места за хоспитализација. На утринскиот состанок со директорите на Клиниките разменивме информации во однос на состојбата. Ситуацијата е сериозна и во овој момент имаме благо зголемување на притисокот врз ковид центрите, односно во текот на вчерашниот ден имало поголем број на нови хоспитализаци. Мерките даваат резултат, но потребно е максимално придржување до истите за да го надминеме и овој епидемиолошки бран“, напиша Филипче.
186