Земјоделското производство е нераскинливо поврзано со климата што го прави земјоделството најчувствително на климатските промени од сите сектори.
Во земји како што е Република Северна Македонија ризиците од климатските промени за земјоделскиот сектор се особено итен и важен проблем бидејќи егзистенцијата на мнозинството од селското население, директно или индиректно, зависи од земјоделството. Потребата за прилагодување на климатските промени во сите сектори сега е јасна. Меѓународните напори за ограничување на стакленичките гасови и за ограничување на климатските промени сега и во иднина нема да бидат доволни за ограничување на неповолните влијанија од зголемувањето на температурите, промените на врнежите и зголемената зачестеност и сила на екстремните временски непогоди.
Истовремено, климатските промени можат да создадат и шанси, особено во земјоделскиот сектор. Зголеменитете мператури можат да го продолжат периодот на вегетација, повисоките концентрации на јаглерод диоксид може да го зајакнат растот на растенијата, а во некои области, како резултат на климатските промени може да се зголемат дождовите и достапноста на водени ресурси. Развивањето на ваков план идеално вклучува комбинација за високо квалитетна квантитативна анализа и консултации со клучните чинители, особено земјоделците, како и со земјоделски експерти во општината.
Следен клучен фактор е понатамошна работа за придружување кон Европската Унија за која РСМ е кандидат од 2005 година. Македонската влада веќе почна да се фокусира на потребните реформиза ЕУ, вклучувајќи ја и работата на Проектот за зајакнување на земјоделството и пристап кон ЕУ, реализиран со Светска Банка. Заедно со овие потребни реформи, ЕУ ги охрабрува активностите за подготвување и прилагодување на климатските промени и на општинско ниво. Како што е наведено во Белата книга на ЕУ на оваа тема од 2019 година, овие активности би можеле да опфатат систематска проценка на климатските ризици, развој на иницијативи за обука на земјоделците и утврдување на потребите за финансирање на мерките за прилагодување. Во Белата книга, исто така, се нагласува потребата за интегрирање на рентабилната адаптација на климатските промени во Политиките за рурален развојна ЕУ, понекогаш наведувани како „втор столб“ на Заедничките земјоделски политики.
Во тој контекс, Мрежата на ЛАГови (чадор организација од 8 ЛАГови) започна со имплементација на проект за Проценка на влијанието и можностите за прилагодување на климатските промени во земјоделскиот сектор во руралниот дел на Битола. Проектот е во рамките на концептот ЗЕЛЕН СКОК – Партнерства за климатска акција, поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија. Преку овој проект ќе се интегрира адаптацијата на климатските промени во програмите и работата на локалните власти и институции во општина Битола; Ќе се воспостават партнерства за зголемување на капацитетите на целната група за прилагодување на климатските промени во општина Битола; Ќе се зајакне знаењето на општинските власти, земјоделците и јавните институции за адаптација на климатските промени во земјоделскиот сектор во општина Битола и ќе се подобрат податоците и информативна база за влијанијата на климатските промени врз земјоделството преку развивање на „Извештај за проценка на локалниот ризик и ранливост“ во општина Битола за 2021 година поврзан со настани со големо влијание на топлина, силен дожд и суша и Програма за прилагодување на климатските промени во земјоделскиот сектор во општина Битола.
Проектот претставува комбинација од 3 компоненти – анализа и идентификување на терен за влијанието на климатксите промени врз земјоделскиот сектор, едукативно – информативна кампања и Подговтовка на Програма за прилагодување на климатските промени во земјоделскиот сектор за општина Битола. Преку овие 3 компоненти ќе бидат опфатени повеќе целни групи – население, граѓански организации и други засегнати страни.
Климатските промени можат да создадат поволности и предности во земјоделскиот сектор. Ризиците од климатските промени не можат да се ефективно разрешат, а шансите не можат ефективно да се искористат без јасен план за усогласување со земјоделските политики со климатските промени, за развој на способностите на клучните земјоделски институции и за прилагодување на климатските промени врз земјоделските производи, добитокот, водените ресурси, поплавата и храната.