Oдите до касата со вашите производи во рака. Се чувствувате нервозно и се прашувате: „Дали луѓето ќе знаат зошто го купувам ова?“ Се надевате дека нема да видите некој што го познавате додека внимателно се приближувате до касата за наплата.
Дали некогаш ви се случило ова? Дали некогаш сте купиле некој производ од кој сте биле засрамени?
Погледнете ги работите кои луѓето се срамат да ги купат:
Шампон против вошки
Вообичаени во училниците во одделенска настава и предучилишна возраст. Вошките се почести отколку што може да мислите, и милиони луѓе од целиот свет барем еднаш во животот купиле шампон или средство против вошки, па не постои причина за срам.
Било каков производ, но со железни пари
Секој од нас во одреден момент од животот немал доволно пари. Дали некогаш сте требале да купите основни производи, а не сте имале доволно пари, па сте посегнале по касичката и сте зеле ситни железни пари? Веројатно да. Па следува срамот и долгото броење додека позади вас цел ред нетрпеливо ве чека.
Производи против ќелавост и првут
Додека на повеќето луѓе не им пречи да купуваат лакови, гелови, боја за коса, некои производи за коса се малку посрамни за купувачот. Секоја боја на коса што обезбедува „сива покриеност“, шампон за првут и производи за раст на косата може да ги направи луѓето малку нервозни на патот кон шалтерот за наплата.
Креми или лекови против габички или миризливи стапала
Според научни истражувања, секој четврти возрасен човек доживеал (или ќе доживее) габичка на ноктите додека наполни 40 години. Ако работите во влажна средина – или ако работите околу хемикалии – вашата шанса да зафатите габа на ноктите на нозете е 300% поголема од некој што не работи во такви средини. Колку и да е срамно, на многу луѓе влијаат габите и другите состојби во врска со стапалата.
Вијагра, кондоми и други интимни производи
Бидејќи сексот е личен и приватен за повеќето луѓе, сепак, купувањето презервативи, лубриканти или други производи поврзани со сексот (или половите органи) го создава тоа нервозно чувство. Ова, се разбира, зависи од личноста. Човек кој е во брак 30 години можеби нема да има ништо против да купи тампони за својата сопруга.
Чепчиња, креми за хемороиди, лаксативи
Никој не сака на светот да му разгласува дека има проблем со варењето, а некои лекови едноставно врискаат „Имам дијареа“ или „Имам хемороиди“. Немојте да се грижите кога ќе морате да купите вакви лекови бидејќи станува збор за проблеми кои ги мачи секој човек во светот.
Тест за бременост
Околностите околу секоја бременост се единствени. Вие (или вашиот партнер) можеби сте превозбудени од можноста да додадете уште еден член на вашето семејство – или навистина се надевате дека ќе видите негативен знак на тестот. Во секој случај, купувањето на тестот може да биде непријатно.