Заев за Рашковски: Според мене се е законски, можеби сум пристрасен, но тука е судот


Во врска со денешното приведување на поранешниот генерален секретар на Владата Рашковски на новинарско прашање како тоа го коментира со оглед дека до неодамна го бранеше својот близок соработник, премиерот Зоран Заев рече дека тој смета дека сета процедура била законска, но затоа се тука институциите за да го испитаат тоа.

„Нема недопирливи пред законот, тој беше генерален секретар на Владата, но институциите си ја вршат работата. Сепак, мора да ја почитуваме презумпцијата на невиност, никој не е виновен додека не се докаже спротивното. Мухамед Зекири како сегашен генерален секретар ги достави сите документи во однос на оваа постапка. Сметам дека набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци е направена согласно законот за Влада и деловникот на Владата, а преку генералниот секретаријат сме набавувале и други работи. Според мене се е законски, но главниот збор сепак го има судот, и нема да дискутирам. Можеби сум пристрасен, тоа институциите ќе кажат. Важно е дека никој однапред не може да се нарече виновен. Софтверот беше тестиран, а треба да си признаеме дека имаме 164 жртви од сообраќајни несреќи, имаме инвалиди, а државата има загуби. Немаме софтвер на Рашковски, туку софтвер кој не е изработен од Рашковски и сметам дека постапката е законска“, рече Заев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи