Николоски: Состојбата во Прилеп е исклучително лоша, не само со пандемијата, туку и економски градот тоне


За жал ситуацијата со корона кризата на ниво на држава е исклучително лоша, но можам да кажам дека во Прилеп можеби е најлоша и во целата држава. Континуирано високи бројки и на заболени, за жал и на оние кои што ја губат битката и ова е нешто што не се случува ден или два, туку се случува во континуитет, изјави денес во Прилеп Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Јас уште минатата година некаде во април, мај месец повикував да се воведат специјални мерки за Прилеп со цел да се запре она што тогаш се гледаше дека ќе се случи, а тоа е овој голем погром што се случија на Прилеп и прилепско.

Тие совети и апели за жал не беа послушани, после тоа на исто повикуваме и во кампањата, есента и за жал зимата и пролета ги имаме овие бројки кои што ги имаме.

Здравствените власти не прават ништо за да се подобри оваа ситуација. Од една страна сакам да им честитам на докторите и медицинскиот персонал на над човечките напори кои што ги прават но од друга страна, мора да се признае дека малку или ништо не е направено да им се помогне на луѓето.

Нема вакцини, не само за Прилеп, туку за цела држава.

Македонија за жал останува црна дупка во процесот на вакцинација. Не само во потесниот регион, тука и за жал на ниво на Европа. Но, нема ни соодветна терапија, луѓе не можат на времено да направат крвна слика со сите податоци кои што се потребни, тешко се закажуваат ренген снимки, а да не зборувам за тоа дека мора самите да ги купуваат лекарствата, витамините, антиоксидансите кои што треба да ги користат.

Така што имаме една исклучително тешка ситуација по којашто ќе зборуваме и со здравствените работници.

Во една голема катастрофа е Македонија, здравствено пред се, а секако тука е и економски. Економски градот тоне, според нашите информации само педесетина дуќани само во прилепската чаршија се затворени што говори за падот на економијата, но исто така говори и за несоодветните несоодветните економски мерки кои или ги нема или се недоволни. И тоа резултира со целосен колапс во однос на економијата“, рече Николоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи