Обложувалниците реагираат: Ако се донесе законот, ќе се затвори цел сектор


Асоцијацијата на спортски обложувалница доставила над 250 забелешки за новиот предлог закон за игри на среќа со кои се предвидува обложувалниците да бидат 500 метри оддалечени од образовните институции.

Според нив, апсурдно е ваков закон да биде предложен од Министерството за финансии бидејќи свесно ќе го затворат цел овој сектор а со тоа нема ни да се полни буџетската каса. Главното барање им е овој закон итно да биде повлечен бидејќи ваква пракса нема во ниту една земја во Европската Унија.

„Доста е веќе молчење. Бараме јавна комуникација и дебат,  па да оцени јавноста и медиумите што точно се случува. Доколку Владата не покаже добра волја да ги имплементира измените и да воведе квалитетен закон со кои ќе се постигнат низа позитивни ефекти ќе ги превземеме сите мерки и расположливи средства овој закон да не се донесе. Последно нешто што би сакале е преку протести и други форми на делување да ги решаваме проблемите“, вели Васко Илијевски, Асоцијација на спортски обложувалници.

Предлог законското решение предвидува оддалечување на објектите 500 метри од сите образовни институции но и зголемување на давачките за добивање на лиценци за отварање на казина и обложувалници. Предлогот е поставен на Електронскиот регистар на прописи каде може до 20-ти месецов да се доставуваат забелешки и коментари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи