Младите сметаат дека мерките кои државата ги превзеде за време на корона кризата, а се наменети за нив се несоодветни, недоволни и неодговараат на нивните реални потреби. Сметаат дека се едни од најоштетените категории на граѓани. Најголем проблем кај нив и понатаму останува невработеноста, која се сега е зголемена.
„Со самата ситуација се зголемува и невработеноста како кај сите така и кај младите. Некои студенти и работат и студираат и со тоа доаѓа до зголемување на трошоците во однос на самото образование. Мерките кои се преземени не се доволни, така што треба да се посвети внимание на тоа да се зголемат стипендиите на студентите“, истакна Ангела Митреска, студент на Економски факултет Прилеп.
„Голем дел од младите беа вработени во угостителскиот сектор останаа без своите работни места. Тие средства им помагаа во нивното стручно оспособување и образование“, додаде Наталија Атанасовска, студент на правен факултет Битола.
На ист став се и од Коалиција СЕГА според кои државата нема јасна статегија за младите, субвенциите кои ги добиле со корона мерките и ваучерите за одмор ништо не смениле во нивниот квалитет на живот.
„Ниту субвенциите нешто им значеа, ниту пак ваучерите нешто им значеа, бидејќи во текот на летото имавме млади кои што преку социјалните медиуми ги продаваа своите ваучери за летување што значи дека тоа нив не им било потреба. Автоматски таквата состојба покажува дека добиле нешто кое што не им треба“, кажа Зоран Илиески, извршен директор на Коалиција СЕГА.
30 годишното неадекватно функционирање на системот како и вмешувањето на политиката во сите сфери се едни од главните причини за иселувањето.
„Недостатокот за личен и кариерен развој, а и долгогодишната корупција само го забрзува процесот на иселување. Би требало да се минимизира администрацијата, а да се максимизира и поттикнува повеќе претприемништовото за да на таков начин и државата и младите имаат бенефит“, изјави Димитар Врглески, студент на правен факултет Битола.
„Главен проблем со кој се соочуваат младите сега е пристапот до работа, не мислам тука само на државните институции туку и на приватни компании бидејќи политиката е испреплетена во сите сегменти од општественото живеење“, рече Ѓорѓи Велјаноски, студент на Економски факултет Прилеп.
Aко порадно приоритет за да останат младите тука било само да се вработат, сега ниту вработувањето не може да го запре иселувањето, едноставно сакаат само да земинат.
„ Утре да заврши пандемијата и да се отворат границите 60% од младите невработени ќе заминат од државата, тоа се базира на 30 години разорување на системот каде на младите конечно им дојде преку глава и немаат друг избор, туку ќе си одам“, истака Зоран Илиески од Коалицијата СЕГА.
Според младите без поголеми системски промени за 10-тина години постои голема опасност да станеме држава на старци.