Да помогнеме колку што можеме повеќе за овој Велигден, на тие на кои што нашата помош им е повеќе од потребна


Наш соговорник во оваа емисија е Драган Џокоски од Хуманитарната организација „Св.Никодим Прилепски – Тисмански“, при храмот „Св.Благовештение“ од Прилеп. Повод за нашиот разговор ќе биде 13-тата по ред хуманитарна акција која ова организација ја организира по повод најголемиот христијански празник Велигден.

Во сите цркво во Прилеп:  Св. Благовештение, Св. Кирил и Методиј, Св. Преображение и Св. Петка – Точила,  веќе се поставени добро познатите црвени кутии за донации каде може да се остават парични стредства за социјално загрозените граѓани. Со тие пари потоа се купува храна и средства за лична хигиедна кои се донираат на тие на кои оваа помош им е најпотребна. Исто така може да се донира и храна која не е лесно расиплива. Оваа година поради корона кризата кутиите за донации се поставени во црквите 2 недели повеќе од вообичаеното време.

Повеќе околу оваа акција дознајте од интервјуто со Драган Џокоски од Хуманитарната организација „Св.Никодим Прилепски – Тисмански“.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи