Претседателот на Сојузот на земјоделски здруженија, Менде Стомнароски, истакна дека проценителите од другите градови не мора да доѓаат до Прилеп и да правата трошоци за да достават документи за обуката до Институтот за тутун, туку може да се пријават и кај Здруженијата кои се нивни членки, а потоа ќе бидат известени за тоа кога точно ќе се случи обуката.
„Сакам да ги известам сите проценители кои имаат положено лиценца до 2018 година, бидејќи треба се пријават во Институтот за тутун во Прилеп за одржување на обука, да не доѓаат од сите градовии до тука и да прават трошоци, туку да се пријават кај претседателите на Здруженијата кои се наши членки, ние ќе ги собереме тие списоци и ќе ги однесеме до Институтот за тутун за да можат ги исконтактираат од таму за да знаат кој ден ќе биде обуката.
Сакаме да им направиме една услуга на сите, без разлика дали биле активни повереници или не, сите кои имата положено да направат список, да го однесеме ние во Институтот и после тие ќе ги известат кога е обуката. Кога ќе биде обуката треба со нив да носат фотокопија од лична карта, фотокопија од лиценца и налог дека имаат уплатено 2.000 денари за обуката.
Пријавувањето е од утре, понеделник, па се до петок, доколку некој остане можии и после тоа доколку не стигнал или не разбрал навреме. Ова се прави за да може да се организира обуката според ковид мерките, да не бидат големи групите, но тоа си го прави Институтот“, истакна Стомнароски.