Работата од далечина неприфатлива од страна на работниците


Работата од далечина може да се врши од било кое место надвор од седиштето на компанијата (од интернет кафе, од кафуле, од планина, плажа….од секаде каде што постои интернет конекција). Во тек е создавање на нов Закон за работни односи, што би требало да биде прилагоден на новите состојби во работното опкружување и односите помеѓу работодавачите и работниците, и за прв пат во неговата припрема учествуваат повеќе заинтересирани страни, што значи освен МТСП, и претставници на синдикатите, на здруженијата на работодавачите, на граѓанскиот сектор, на трудовиот инспекторат и професори по трудово право.

Во неговата работна верзија веќе е поделена работата на издвоено место на работа од дома и работа од далечина, а дадени се и определени насоки како да се уредат меѓусебните обврски и права помеѓу работодавачите и далечинските работници, во смисол на решавање на прашањата:

  • кој ќе ги сноси трошоците за простор, електрична и топлотна енергија, вода, интернет (работникот со или без надомест или работодавачот),
  • кој ќе ги обезбеди средствата за работа,
  • како ќе биде распределено работното време, паузите, дневниот, неделниот и годишниот одмор,
  • како ќе се одвива меѓусебната комуникација и соработка помеѓу далечинските работници во компанијата, и помеѓу нив и органите на управување,
  • нивно стручно усовршување и развој

Секако, секоја компанија има свои специфики, така што не може однапред во законот да се предвиди кои се прашања можат да бидат предмет на Договорите за работа од далечина и од дома, па ќе се остави можност за дополнителни ставки во нив, кои нема да се косат со законот и со колективните договори. Во нашата земја обликот на работа од далечина, пред почетокот на пандемијата, беше многу ретка појава, но и пошироко во светот, овој облик беше специфика на самовработените односно слободните работници (freelancers) и за ИТ индустријата, поради тоа што подразбира употреба на модерната технологија. Сметаме дека и после пандемијата во одредени македонски компании  каде што работата не е врзана со седиштето на компанијата и кои имаат пред се техничко технолошки услови да спроведат работа на далeчина, оваа пракса ќе продолжи. Сепак за склучување на Договор за работа од далечина потребна е волја од обете страни – работникот и работодавачот.

Се покажа дека заштедата во однос на трошоците за простор, електрична и топлотна енергија, вода, интернет и сите други трошоци за канцелариско работење, е значајна за работодавачите. Од друга страна најважната придобивка за работниците е: повеќе време за семејниот живот за сметка на времето поминато во припремање и пат до и од работното место и порелаксирана работна атмосфера, па сепак  според анкетите, на работниците на овие простори најмногу им одговара комбинирано работење (2 или 3 дена во канцеларија, 2 или 3 дена надвор од неа). Претпоставувам дека целосното префрлање на работа од дома, односно од далечина, не е прифатливо за поголемиот дел од работниците во регионов заради нашиот менталитет, културните и традиционлните навики и потребата за активен социјален живот, карактеристични за нашиот народ.

пишува: Здружение Достоинствен Работник

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи