Министерството за здравство информираше дека денеска во спортската сала „Борис Трајковски“ ќе се вакцинираат пратениците од Собранието, како дел од критичната инфраструктура опфатена во Националниот план за ковид имунизација. Вакцинацијата ќе се одвива во 3 групи од 10 до 18 часот.
Неодамна беа вакцинирани и собраниските служби. Вакцинирањето на пратениците и вработените во Собранието е од клучна важност за нормално функционирање на законодавниот дом и непречено носење на закони во интерес на граѓаните.
„Вакцинирањето на пратениците и вработените во Собранието е од клучна важност за нормално функционирање на законодавниот дом и непречено носење на закони во интерес на граѓаните. Од почетокот на имунизацијата во нашата земја, согласно Националната стратегија таргетирани се три главни приоритетни групи со цел да се обезбеди функционирање на здравствениот систем, да се заштитат лицата со најголем ризик од заболување, компликации и смрт, како и да се одржат основните услуги на критичната инфраструктура“, информираат од Министерството за здравство.