Денес времето ќе биде облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Повеќе врнежи ќе има во западните и југозападните делови од земјава.
Во Прилеп и регионот, температурата ќе се движи од 8 °C до 13 °C.
Управата за хидрометеоролошки работи предупредува дека под влијание на влажен бран од југ, денес и утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во текот на ноќта и утре наутро, особено во југозападните и јужните делови од земјава (каде локално ќе наврнат и над 20 л/м2). Дневната температура во овие два дена осетно ќе се намали, а во сабота ќе дува и умерен до засилен северен ветер.