Денес беше одржана 55та онлајн седница на Совет. Советниците ја изгласаа Информацијата за безбедносната состојба на подрачјето на ПС од Општа надлежност-Прилеп за второтo полугодие од 2020 година, а расправаа и за новонастаната состојба по притворањето на командирот на ПС Прилеп.
Од страна на претставникот на Полициската станица од Општа надлежност-Прилеп, Игор Каравилоски, советниците беа информирани дека со Решение издадено на 21.04.2021 година од страна на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за вд командир на ПС од Општа надлежност-Прилеп е назначен Дарко Цуцулоски.