Ако сакаме да се искачиме на повисоко ниво, мора да сакаме и да се ослободиме од некои стари начини на размислување и суштествување и да прифатиме нови. Ние младите сме генерација на нови надежи и можности, така што промената што сакаме да ја видиме е тесно поврзана со нас и како ние ја креираме.
Да, пандемијата дефинитивно го промени животот на сите, а младите беа меѓу најпогодената група, но тука не треба да застане нашата визија.
Ако основните проблеми кај младите доаѓаат од недостаток на финансиска независност, тогаш нашата вработливост и финансиското задоволство зависат од нашата вложеност и посветеност и од тоа колку ние сме мотивирани да ги рушиме бариерите за да стигнеме до целта.
Само преку нашиот континуиран образовен развој и амбиција може да се затворат вратите на непотизмот, олигархијата, криминалот и политичките притисоци и сето ова би ја прикажало големината и различноста на личните и професионалните релации на секој од нас. Промената зависи од нашата акција.
Има изрека која писателот и говорник Џим Рон ја користи и има совршена смисла во овој случај: „Ако постојано го правите тоа што отсекогаш сте го правеле, ќе го добиете тоа што отсекогаш сте го добивале“.
Aвтор: Викторија Смилеска