Шеесетгодиншник од Прилеп починал веројатно додека го управувал својот автомобил непосредно пред сударот со друго возило. Вчера во 15.40 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул. „Јоска Јорданоски“, патничко возило „мицубуши колт“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.Н. (60) од Прилеп, удрило во патничко возило „фолксваген голф“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г.Ш. од Прилеп.
Во незгодата кај двете возила била причинета материјална штета, а од екипа на Итна медицинска помош била констатирана природна смрт кај возачот П.Н., кој според пријавеното имал здравствени проблеми. Увид на местото извршиле екипа од ОВР Прилеп и Јавен обвинител, а за да се расчисти целата ситуација била издадена наредба телото на починатиот било предадено на семејството.