Проданоски: Јованоски е еден од најлошите градоначалници, со мизерени 1.1% доверба

Она за што како партија говориме подолг период се потврди. Илија Јованоски е еден од најлошите градоначалници во Македонија. Според анкетите на МЦМС, Јованоски е во друштво на неколку други градоначалници и се наоѓа на самото дно со мизерени 1.1% доверба. Ништо чудно! Истакна на денешната прес конференција Дејан Проданоски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

Нормално е градоначалникот на Прилеп да ужива толку ниска популарност и доверба од граѓаните, кога го преспа мандатот и не реализираше ниту едно големо предизборно ветувања.

Колку за потсетување, Илија Јованоски во предизборната кампања ветуваше 20% поевтини сметки за вода, а прилепчани добија повисоки сметки за 60%. Каде е долго најавуваната гасификација од предизборната кампања? Ја нема! Нема ништо ниту од спортско рекреативниот центар со затворен базен во сала „Македонија“.

Го нема ниту новиот театар, а ја нема ниту реконструкцијата на прилепската чаршија, срцето на град Прилеп. Но затоа благодарение на неспособноста на локалната власт и генералната лоша економска политика, има преку 50-тина затворени дуќани и луѓе избркани на улица.

Во време на мандатот на Јованоски, нема ниту една нова инвестиција во Технолошко-индустриската развојна зона „Прилеп“ со која би се отвориле нови работни места. За огромно разочарување, во 2021 година се забележани скоро 9000 активни баратели на работа, црн рекорд кој ја потврдува негрижата и катастрофалните економски политики.

Јованоски не донесе ниту чист воздух како што ветуваше, ниту пак Фудбалскиот клуб Победа го направи европски! И ако продолжиме да ги набројуваме сите нереализирани ветувања, потребни ќе ни бидат уште многу пресконференции.

Освен непотизам, вработување на најблиските роднини, пријатели и партиски послушници, како и лошите кадровски решенија, од Јованоски не видовме ништо корисно за градот.

Токму затоа оваа локална власт на чело со Јованоски, ќе биде запаметена како најлоша што Прилеп некогаш ја имал. После локалните избори и победата на ВМРО-ДПМНЕ, се обврзуваме заедно да работиме и да го вратиме Прилеп на правиот пат!

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи