ВИДЕО – Неизвесно одржувањето на Светското првенство во змајарство во Крушево поради пандемијата


Поради корона пандемијата неизвесно е одржувањето на Светското првенство во змајарство кое што во јули треба да се одржи во Крушево и на кое се очекува да присуствуваат над 2.000 луѓе од 50-тина држави од светот. Пријавувањето е во тек, но се ќе се знае од тоа како ќе тече процесот на вакцинација на светско ниво и од тоа дали ќе има нов бран. Поради ова веќе биле откажани неколлку други меѓународни параглајднг натпревари во Крушево. Оваа година општината ќе се фокусирала нa привлекување на домашните туристи.

„Со тоа што еве 100-тина луѓе се вакцинираа со вакцините во Крушево, очекувам до август да се вакцинираат 60% од граѓаните на Крушево, со тоа ние како Општина продолжуваме со одржување на настаните, манифестациите, спортските натпревари, затоа што Крушево на еден начин е побезбедно од другите градови. Има што да се види, што да се посети, а сето тоа да биде безбедно и нормално по протоколи“, истакна Томе Христоски, градоначалник на Крушево.

Ситуацијата со Ковид 19 во Крушево веќе се подобрувала. Досега во Крушево се вакцинирале 100 луѓе, а до среда требало да се вакциинираат уште 100. Оние со лесна клиничка слика се лекувале во дневната болница во Здравствениот дом.

„Во моментов имаме 20 активни случаи, сите се во добра општа состојба. Сиите ги лекуваме тука, кај оние кои се постари и неподвижни ги посетуваме во домовите. Лекувањето и услугата е на ниво“, рече Зорица Манчевска Трајчулоска, директор на Здравствен дом – Крушево.

Заинтересираноста пак крушевчани за вакцинација, особеној кај постарата генерација е голема.

„Живот значи вакцинирањето, без вакцина ми се чини дека нема победа над пандемијава. Тоа треба сите да го разбреме ако сакаме еден ден да живееме како што живеевме пред една година“, рече еден крушевчанец.

 „Се вакцинирам за здравје. Имам 300 болести, уште ова ми фали“, додаде друга крушевчанка.

 „Треба сите да се вакцинираме, спасот на човештвото е во вакцинирањето“, кажа трет крушевчанец.

Лани пандемијата зададе огромен удар врз и онака кревката економија во Крушево која се потпира најмногу на туризмот. Како ќе биде оваа година и дали странците ќе се вратат тука, останува да се види во наредниот период.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи