Денеска во Македонија треба да стаса втората пратка од 10.000 вакцини од „Фајзер“. Оваа пратка е обезбедена преку директни преговори со овој производител на вакцини против Ковид 19. Првата достава беше на 19 април, кога пристигнаа 10.530 дози од вакцината „Фајзер“.
Министерот за здравство Венко Филипче најави дека на 19 и 26 април треба да пристигнат по 10 илјади вакцини од „Фајзер“.
Преку ковакс системот Македонија ќе добие вкупно 76.000 вакцини на „Астра Зенека“ кои ќе пристигнат до крај на месецов, додека пак вакцините преку трилетарните договори со ЕУ се очекуваат на почетокот на мај.