За прв пат во Прилеп деновиве се објави водич на античкото културно наследство во Прилеп. Автор на водичот е археологот Душко Темелкоски, со кого во оваа емисија разговараме за тоа како се родила идејата за овој водич, што содржи, кој го спонзорира неговото издавање, но и за тоа каде граѓаните може да го набават.
Во овој разговор посветуваме внимание и на тоа колку антички локалитети и каде има во прилепско и колку од нив се пристапни за туристите.
Се задржуваме и на едно премногу важно прашање, зошто државата не одделува доволно средства за археологијата, зошто не се одржува соодветно и како што треба нашето историско-културно богатство и зошто археолошките локалитети се оставени на забот на времето, обраснати со треви, во распаѓање и без никакви патокази.